Италијанецот Матео Беретини испиша историја на УС Опен, победувајќи го Андреј Рубљев во осмина финалето.

Тој беше подобар со 6:1, 6:4, 7:6 (6) после два часа и 15 минути борба со што потврди дека го чека голем скок на АТП листата, во моментов е 25 играч во светот.

Беретини има шанса да стигне и до полуфиналето, пречка ќе му биде подобриот од дуелот на Гаел Монфис против Пабло Андухар Алба.

Во секој случај, 23 годишниот Беретини веќе оствари еден подвиг, тој е вториот Италијанец во историјата кој стигнал до четвртфинале на УС Опен, претходно тоа го направи Корада Барацутија во далечната 1977 година.

За Беретини ова е прво четвртфинале на гренд слем турнир во кариерата. Годинава тој стигна до четвртото коло на Вимболдон, а на Ролан Гарос минатата година стигна до третото коло, додека на Аустралија опен нема помината понатаму од прва рунда.