Гори сува трева и нискостеблеста шума во атарите на селата Горни Балван, Крупиште и Пишица. Зафатени се повеќе ридови, затоа и вечерва огнените јазици, но и чадот можат да се видат и од повисоките делови на градот Штип.

Командирот на Противпожарната единица во Штип, Тони Атанасов вели дека на терен се сите пожарникари, огнот се гасни рачни пумпи и метли, бидејќи станува збор за непристапен терен. Противпожарните возила не можат да пристапат кон тѕеренот кој е зафтен. Во гаснењето на пожарот се вклучени и пожарникари од Пробиштип и Кочани.

Засега не постои опасност за доближување на огнените јазици до некое од населените места, а пожарникарите имаат пунктови покрај овие три села, со цел да се интервенира доколку се доближи огнот. Атанасов вели дека станува збор за голема површина, а во моментов не може да се даде точна проценка за колку хектари се зафатени.