Германските власти депортирале трипати повеќе кандидати за азил во други европски земји оваа година во однос на 2017 година, покажува документ на германското Министерство за внатрешни работи.
Даблинскиот договор, кој пропишува дека мигрантите треба да бидат депортирани во првата европска земја кадешто биле регистрирани, беше суспендиран во шпицот на бегалската криза во 2015 година, но во последните три години е вратен во сила.
Во одговор на барање на крајно левата Партија на левицата, Министерството за внатрешни работи на Германија соопшти дека од почетокот на годината со 17 летови во други европски земји биле депортирани вкупно 485 лица.
Во 2017 година, бројот на депортирани е 153 со седум полети, а во 2016 година само 26 лица биле депортирани со два лета.
Comments are closed for this post.