Судењето за предметот „Нсилство пред Општина Центар“ продолжува на 10 септември, откако денешното рочиште се одложи поради ситуацијата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“.
Судијата Душан Јосифовски го одложи рочиштето по предлогот на одбраната.
Со оглед на наводите од странките да се почека одлуката на Советот за јавни обвинители за Катица Јанева, Судот донесе решение главната расправа да се одложи за 10 септември, изјави судијата Јосифовски, произнесувајќи се по предлогот на одбраната за одложување на главната расправа до целосно решавање на состојбата со Јанева.
Comments are closed for this post.