По Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ и опозициската Двери на Бошко Обрадовиќ донесе одлука да не учествува на редовните парламентарни и локални избори во Србија, следната пролет.
Во соопштението на Двери се вели дека во последните девет месеци ништо не се сменило во однос на основните услови за слобода на медиумите и за фер и чесни избори.
Тоа не се избори, тоа е гласање на измамените и присилуваните од страна на властите – се вели во соопштението.
Исто така, од Двери бараат да се почитуваат законите и основните демократски стандарди за објективно информирање на јавноста во рамките на кои може да се слушне и другата страна и различното мислење од тоа што го изнесуваат властите, а кога станува збор за изборите, сите учесници мора да имаат рамноправен третман, што во Србија долго време не било случај.
По трите тркалезни маси меѓу опозицијата и властите околу изборните услови, на кои повеќе опозицијски партии го откажаа учеството, се очекува и останатите членки на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) да донесат одлука за бојкот на изборите.
Вчера, за време на посетатата на Белград, Дејвид Мекалистер, претседател на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (ЕП), оцени дека евентуалниот бојкот на претстојните избори во Србија нема да придонесе за зајакнување на демократските институции.
Бојкотот на изборите во 2020 година би значел дека ставовите на партиите кои не учествуваат на изборите не би можеле да се слушнат во парламентарната расправа, што не придонесува за јакнење на демократските институции – изјави Мекалистер по разговорите со српските и опозициските пратеници, претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.
Тој додаде дека ЕП е подготвен да даде подршка за да да се изнајде заеднички јазик за двете страни, како и дека Европската комисија дала голем број препораки за унапредување на работата на парламентот и дека е важно тоа да се спроведе.
Comments are closed for this post.