Изгласувањето на потребата за носење на Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се уреди и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, ги предизвика и првите реакции на претставниците на власта и опозицијата.

Така, пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ,  Антонио Милошоски, тоа го оцени како обид на власта на сила да го донесе законот и притоа побара оставка од министерката за правда Рената Дескоска.

Бараме од другарката на Боки Tредичи, Рената Дескоска да си поднесе оставка зашто во нејзин мандат има најголем политички и судски скандал, рече Милошоски за случајот „Рекет“.

Дескоска му одговори дека нема намера да поднесе оставка.

Еднаш Милошоски ми посака да не ме реконструираат и тоа беше застрашувачка порака, така што сега, штом ми бара оставка, за мене е комплимент. Јас не робувам на партиски интереси, не сум нивен сервис, одговори Дескоска на обвинувањата на Милошоски.