Време е за оставки за министрите и директорите поврзани со пожарите во Велес. Имавме фрапантно, катастрофално доцнење на интервенцијата на авионите и хеликоптерите од 5 часа, обвини денес Влатко Ѓорчев, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Штетите се огромни, жално е да се гледа сето она што се случи во Велес и Велешко во изминатите 24 часа и за тоа мора да има одговорност. Пожарот почна во 11 часот, а авионите и хеликоптерите дојдоа дури во четири часот попладне. Тоа е катастрофално, ужасно доцнење од 5 часа“, истакна Ѓорчев.
Тој на днешната прес-конференција изрази огромна благодарност и честитки до пожарникарите, до припадниците на Армијата на Република Македонија, до доброволците кои што го гасеа пожарот.
Но оние кои што потфрлија тоа се владините институции, тоа се министрите и директорите. Ако треба сето ова во триесетина секунди да го сумирам, а она што го видовме и едноставно она што од прва рака го видов и слушнав во Велес е следното, време е за оставки на директорите и министрите.
Имаше катастрофално доцнење од цели 5 часа и интервенцијата на авионите и хеликоптерите, пожарот почна во 11 претпладне, а хеликоптерите и авионите дојдоа дури во четири часот попадне. Огромна благодарност до пожарникарите, до војниците, до доброволците, до сите кои што се вклучија во гасењето. Но факт е дека за вакво фијаско, и за ваков дебакл, за горење на шума која што растела 50 години наназад мора да има одговорност.
Време е за оставки во Владата на Зоран Заев и неговите 28 министри“, истакна пратеникот Влатко Ѓорчев.
Comments are closed for this post.