Граѓанската организација „Зелена лупа“ поднела кривичнa пријавa за врховните судии Васил Грчев и Киро Здравев за бегството на Горан Грујовски и Никола Бошковски. Тужбата е доставена до Советот за утврдување факти и поведување одговорност на судии, пишува „Бриф.мк“.
Пријавата е поднесена поради тоа што скспертскиот тим на „Зелена лупа“ смета дека двајцата судии, како членови на Кривичниот совет при одлучувањето по жалбите за притвор на обвинетите Г. Грујовски и Н. Бошкоски, без законска основа не донеле решенија за отфрлање на поднесените жалби како недозволени, туку по нив решавале. Таа постапка ја искористиле двајцата обвинети и знаејќи дека се обвинети за тешки кривични дела за кои се пропишани високи казни затвор и за определената мерка притвор, се дале во бегство и сè уште не им се достапни на органите на прогонот и на другите државни органи на Република Македонија.
Доставувањето на решението за притвор и правото на жалба пропишани се во одредбите од член 169 од Законот за кривичната постапка, во кои одредби воопшто не е пропишано правото на жалба против решението на Апелацискиот суд. Доколку тоа не им било познато на судиите, тогаш судиската функција ја вршеле нестручно и несовесно по наведените предмети, што претставува потешка повреда пропишана во Законот за судовите. Доколку тоа го знаеле, тогаш со своите постапки ја злоупотребиле службената положба како членови на Кривичниот совет на Врховниот суд, што исто така претставува потешка повреда според Законот за судовите“ – сметаат правните експерти од ова здружение, пишува „Бриф“.
Comments are closed for this post.