По убиството на 24-годишниот Игњат Гајиќ во Шабац, за што е осомничлен неговиот брат, Богдан, Телеграф.рс објави снимка од сигурносна камера на која се гледа моментот кога полицијата го сопрела Богдан како турка количка во која се наоѓало телото на неговиот брат.

Како што се гледа на снимката, количката во којашто се наоѓа телото е покриена со бел чаршав. Осомничениот се движи споро и тешко, а во еден момент, додека ја турка количката, гледа околу внимателно себе.

Станува збор за убиство што ја шокира СРбија. Злосторството се случи во понеделникот во утринските часови. Полицијата открила траги од крв на килимот на кој се случило убиството, а наводно, трагите ги забележале и родителите на браќата, но не се посомневале во ништо.

Според информациите од српските медиуми, осомничениот до смрт го претепал својот брат околу 10 часот наутро. Го удирал со боксирач по што го избодел со нож. Телото го скрил во шупата, а кога паднал мрак се одлучил да се ослободи од телето и од доказите. При тоj обид бил фатен од полицијата.

Видеото може да го погледнете тука.