Необична риба уловена на езерото Шамплејн кај Њујорк, од водите извлечена риба со две усти!?. Деби Гибсон заедно со својот сопруг била на риболов на езерото Шамплејн кај Њујорк кога од водите извлекла страшно суштество.
Станува збор за риба со две усти. Деби фотографија од уловената риба со две усти веднаш објавила на социјалните мрежи. Засега не е јасно дали станува збор за генетска мутација која била предизвикана од загадувањето или пак во прашање е „нормален“ изглед на риба од непознат вид.
Кога го лапна мамецот мислев дека имам одлично парче риба на јадицата. Се бореше долго, мислев дека е поголема , но кога ја извлеков не можев да им верувам на очите што гледам. Рибата имаше две усти, се други беше потполно нормално. Брзо ја фотографиравме и ја вративме во езерото, изјавила Деби за локалните медиуми.
Comments are closed for this post.