Пејачката Мајли Сајрус реши да ја отвори душата и за прв пат да се огласи по раксинувањето на врската со нејзиниот сопруг Лијам Хемсворт. Музичката ѕвезда демантираше, во своето соопштение кое го објави на друштвените мрежи, дека го изневерувала популарниот актер изнесувајќи некој непознати детали од нејзиниот живот.

Можам да прифатам дека животот кој го избрав значи дека мора да го живеам отворено и транспарентно со моите фанови, кои ме сакаат и јавноста, 100 отсто од времето. Тоа што не можам да го прифатам е тоа што се кажува дека лажам дека сум забошотила злосторство кое не сум го направила. Нема што да сокријам, вели Сајрус.

Понатаму таа открива дека не е тајна дека се забавувала во нејзините тинејџерски и рани деведесети години.

Само не пушев, поврзана бев со марихуаната, експериментирав со дроги, мојот најголем хит тогаш беше околу играњето на таблети и шмркање кокаин во тоалет. Уништував врски и изневерував во врските кога бев млада. Изгубив огромна работа со Волмарт бидејќи пушев од бонг. Исфрлена сум од хотел во Трансилванија бидејќи му купив на Лијам пенис торта за роденден и ја лижев, пишува Мајли.

Но, понатаму таа признава дека кога се смириле со Лијам таа била посветена.

Учев од секое мое искуство во животот. Не сум совршена, не ни сакам да бидам, досадно е. Пораснав пред вас. Можам да признаам многу работи, но одбивам да признаам дека мојот брак заврши дека сум изневерувала. Лијам и јас бевме заедно цела деценија. Тоа го кажав порано и тоа останува така, го сакам Лијам и секогаш ќе го сакам, напиша музичката ѕвезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus) on