Русија ја претстави првата во светот пловечка атомска централа, која го носи името „Академик Ломоносов“. Екипажот е подготвен да отплови од Мурманск на долго патување по Северниот морски пат до Чукотск.
Се очекува пловидбата на реакторот да трае меѓу четири и шест недели, во зависност од метеоролошките услови и количеството лед по патот.
Од „Росенергоатом“ велат дека основната предност на реакторот лежи во неговата мобилност, што му овозможува да стигне до секое место каде има потреба од енергија.
Меѓутоа, критичарите потсетуваат на сите нуклеарни хавари од Советската ера, па до денес. А, „Гринпис“, пак, пловечкиот реактор го нарече „нуклеарен Титаник“.
Comments are closed for this post.