Државните органи во САД отпочнаа истрага по извештајот на дневниот весник „Чикаго Трибјун“ кој го тестираше нивото на радијација на неколку телефони.
Весникот откри нешто што може да биде алармантно – радијацијата која ја емитува Ајфон 7 не само што ја преминува озволената граница, туку е и двојно поголема од количината која компанијата Епл ја има наведено.
Чикаго Трибјун наведува дека Федералната комисија за комуникација на својот сајт тврди дека било кој телефон кој е одобрен за продажба нема да го надмине максималното ниво на радијација кое се смета за безбедно.
Меѓутоа, весникот тестирал четири Ајфон 7 примероци и сите емитувале радијација поголема од дозволената.
Федералната комисија објави дека по ваквите откритија ќе спроведат сопствени тестови во следните месеи.
Ограничувањето на радијацијата инесува 1,6 вати по килограм, а резултатите покажале дека Ајфон 7 ја надминал оваа мерка на одалеченост која изнесувала 2мм и 5мм.
И покрај тоа што се уште не е познато дали РФ радијацијата која ја емитуваат телефоните може да направи проблеми кај луѓето, високото ниво може да го загреат ткивото, а најголем ризик постои по очите и тестиите бидејќи не ја поднесуваат топлината добро.
Comments are closed for this post.