Остатоците на бродот Титаник на дното на Атлантскиот Океан на некоио места се ногу оштетени од солта, покажуваат најновите фотографии од бродот кој потона на своеот прво патување на поетокот на минатиот век.
Фотографиите беа направени од тим кој го истражува Титаник на почетокот на месецов, притоа користејќи мала подморница. Тие се симнале на длабочина од речиси 4 километри. Тоа се први фотографии на Титаник во последните 15 години и покажуваат дека тоа што останало од бродот е во незапирлив процес на распаѓање.
Еден историчар во тимот изјави дека прочуената кабина на капетанот на бродот, позната слика на обожавателите на Титаник, повеќе ја нема. Некои делови од бродот се речиси целосни, но голем дел се во фаза на распаѓање. Солта го прави своето, како и бактеријата која го нагризува металот.
„Титаник се враќа во природата“, рече ден член на тимот.
Бродот Титаник, најсовремен во своето време, потона ноќта меѓу 14 и 15 април 1912 година 600 километри од брегот на Њуфаундленд откако бродот удри во санта мраз. На бродот имало 2.200 патници, а од нив повеќе од 1.500 не ја преживеале трагедијата.
Comments are closed for this post.