Словенија почна со поставување дополнителна ограда на границата со Хрватска, во делот каде годинава е забележан зголемен број илегални преминувања.
Според телевизијата ПОП ТВ, вчера почнало поставувањето на четири километри долгата, нова, панелна ограда, на потегот меѓу селата Жуничи и Зиље, а таа би требало да биде готова за неколку недели.
Словенечкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека дополнителни технички пречки на границата се поставуваат на местата каде е неопходно да се запрат илегалните мигранти, пренесува Индекс.
Словенија почна да поставува технички пречки заради запирање на мигрантскиот бран за време на кризата 2015-2016 година, а Владата летово најави дека ќе постави дополнителни 40 километри ограда, на местата кои се најризични и кои се наоѓаат на рутата на илегалните мигранти.
Comments are closed for this post.