Заврши претресот во канцеларијата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Со полициска придружба таа беше изнесена од СЈО, и беше однесена на распит во Кривичниот суд.

Таму треба да даде исказ пред судија на претходна постапка.

Претресот во СЈО траеше околу два часа. Таму Јанева беше однесена откако беше уапсена во нејзиниот дом во Козле. Според неофицијални информации при полицискиот претрес во СЈО био одземен слуќбениот компјутер на Јанева.

 

Има инфомрации дека полицијата го претресла и домот на Јанева во Гевгелија.