Северна и Јужна Кореја денеска постигнаа договор да започнат со повторно воспоставување железнички и патни мрежи меѓу двете земји. Договорот беше постигнат по дискусијата за акциските планови за изградба на меѓукорејски односи на ново, повисоко ниво, се вели во заедничко соопштение објавено од Министерството за обединување на Јужна Кореја.
Јужна и Северна Кореја се согласија да одржат прослави во ноември или почетокот на декември за да го одбележат почетокот на работите за поврзување на железницата и патиштата, кои беа прекинати од Корејската војна од 1950 до 1953 година.
Двете Кореи, исто така, се согласија во текот на октомври да разговараат за планот за одржување на Олимписките игри во 2032 година и да ги истражат начините за рестартирање на комуникацијата преку веб-камери и размена на видео-снимки од семејствата разделени со Корејската војна.
Comments are closed for this post.