ЕУ и министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија денеска соопштија дека нема да го прифатат ултиматумот од Иран.
Во заедничкото соопштение европските земји вклучени во мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини се истакнува дека остануваат посветени на Договорот.
„Го отфрламе секој ултиматум и ќе процениме во која мера Иран ги почитува своите обврски за нуклеарните прашања“, се посочува во соопштението.
Исто така се истакнува дека Германија, Франција и Велика Британија жалат што САД повторно воведе санкции кон Техеран.
„Одлучни сме да ги продолжиме напорите да овозможиме продолжување на легитимната трговија со Иран“, се потенцира во заедничката изјава.
Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера предупреди дека Техеран ќе престане да се придржува до одредени делови од нуклеарниот договор и им даде рок од 60 денови на земјите потписнички да го исполнат своите обврски, посебно за банкарските и нафтените сектори.
Comments are closed for this post.