Израелскиот писател Амос Оз почина од рак на возраст од 79 години, објави неговата ќерка на Твитер. Фанија Оз-Салцбергер напиша дека нејзиниот татко ја изгубил долгата битка со болеста и оти починал во сон опкружен со членовите на неговото семејство.
Амир Оз се смета за еден од великаните на израелската и светската книжевност. Или како што ќе изјават денес многумина – „Оз беше гигант на израелската литература“.
Тој е роден во Ерусалим, а од рано детство, по самоубиството на неговата мајка кога имал 10 години, почнува да го пече животното искуство. Некогаш противник на идеата за решение „две држави“ со Палестинците, потоа станува поборник за мир. Ја поздрави преселбата на американската амбасада во Ерусалим, но додаде дека државите треба исто така амбасадите да ги преместат и во источен Ерусалим.
Добитник е на највисоката награда за литература во Израел, како и на меѓународни награди, а една од нив е Наградата Гете.
Најпознати дела му се романите „Црна кутија“, „Мој Мишел“, „Пантер во визбата“, како и делата „Приказна за љубовта и темнината“ и „Во земјата Израелска“.
Амос Оз (семејно име Клауснер), беше и политички активен, ја подджуваше Лабуристичката партија и беше близок пријател со Шимон Перес. Потоа станува поддржувач на левичарската партија Мерец.
Comments are closed for this post.