Централната железничка станица во Келн, Германија, попладнево е затворена. Како што објави „Билд“ причина е што таму се одвива голема полициска акција, а најверојатно станува збор за заложничка драма.

„Билд“ има информации дека полицајците се испратени на станицата наоружани со автоматски пушки и оти целиот крај е под полициска блокада. Иако нема потврдени информации во моментов, сепак се смета дека најмалку едно лице е земено како заложник во една аптека. Таа информација е објавена во 12.45 часот, а во меѓувреме и специјални полициски сили се испратени кон централната станица во Келн.

Има и непотврдени информации за истрели и чад на местото каде се упатени голем број специјалци.

„Подготвени сме за секакви околности“, изјавил полициски претставник за „Билд“.