Украинските морнари, кои во неделата беа задржани од руската војска поради наводно повредување на руската граница во областа на Керченскиот Теснец, ќе бидат пренесени во Симферопол, мал град на полустровот Крим.

Според претставничката за човекови права на Крим Људмила Љубина, тие ќе бидат изведени пред Суд, каде ќе бидат определени соодветни мерки.

Засега не е познато дали судското сослушување ќе биде отворено за јавност.