Во пресрет на денешниот натпревар од Лигата на Европа помеѓу Арсенал и Челзи повторно ги отворија старите проблеми меѓу домаќинот Азербејџан и соседот Ерменија. Тие веќе 30 години се во постојат конфликт за регионот на Нагорно-Карабах.
Поради тој конфликт играчот на Арсенал, Михтаријан не допатува во Азербејџан бидејќи не можеа да му ја гарантираат безбедноста.
За што всушност се работи.
Нагорно Карабах е република во Јужниот Кавказ, официјално дел од Република Азербејџан, околу 270 километри западно од азербејџанскиот главен град Баку, и многу блиска до границата со Ерменија.
Во последните години на распаѓањето на Советскиот Сојуз, регионот станал причина за спор помеѓу Ерменија и Азербејџан, кулминирајќи со војната во Нагорно-Карабах.
По примирјето постигнато со руска помош на 12 мај 1994, најголемиот дел од Нагорно-Карабах и неколку региони на Азербејџан околу него се под контрола на војската на Ерменија, а НКР се здобива и со де факто посебна влада. Од тогаш, страните водат мировни разговори но без успех.
Comments are closed for this post.