Унгарија донесе закон со кој им се забранува на бездомните лица да пијат на јавен простор. Со овој уставен амандман донесен по иницијатива на унгарската влада, се заоструваат правилата за пресојот на бездомници на јавен простор уредени со законот од 2013 година, кој предвидува казни за спиење на јавно место.

Ваквиот потег на владата предизвика реакции кај друштвата за заштита на човекови права коишто коментираат дека ваквата закана од затвор нема да го реши проблемот со луѓето што спијат на улиците. Нивниот став е дека е потребно повеќе пари за да се спречи појавата на нови бездомници и да се обезбеди место за нивно сместување.

Според неофицијални податоци, во главниот град Будимпешта, има 30.000 бездомници. Унгарската Влада тврди дека има 9.800 места за преспивање во социјалните центри и веќе одобри 9,1 милијарди форинти (32,2 милиони долари) за помош на бездомниците.

Во јуни, известителот на ОН за домување Лејлани Фарха ја опиша подготвената мерка против бездомниците на Унгарија како „сурова и неспоива со меѓународниот закон за човекови права”.