Американскиот весник „Волстрит журнал“ објави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп очекува Киев да одговори на низа  предлози, вклучувајќи го и признавањето на Крим како дел од Русија и повлекувањето на Украина од членството во НАТО. Исто така, се разгледува идејата за создавање неутрална зона околу нуклеарната централа Запорожје .

„Украина е под притисок да одговори во наредните денови на пакетот предлози што САД го гледаат како основа за ставање крај на војната – вклучително и потенцијално признавање на руската анексија на Крим во 2014 година и оставање на Киев надвор од плановите за приклучување кон НАТО“, пишува Волстрит журнал.