Воени бродови на НАТО впловија во Црното Море, што предизвика зголемена внимателност кај руската морнарица, која испрати свои пловила будно да го следат нивното движење.

Бродови на Алијансата, во чиј состав има три фрегати од Холандија, Канада и Шпанија, кои неодамна влегоа во Црното море се под присмотран на риската флота3 – се наведува во соопштение на руското министерство за одбрана.

Во Црното Море впловија холандскиот разурнувач „Евертсен“, канадската фегата „Торонто“ и шпанската фрегата „Санта Марија“. На нивниот пат ги следеше турската фрегата „Гелиболу“.

Францускиот танкер „Вар“, исто така пристигна во Истанбул за едно со групата воени бродови, но не вплови во Црното Море. Затоа, пак, таму допловија и бугарската фрегата „Драски“ и романската „Регеле Фердинанд“.

Како што наведува „Спутник“, воените бродови на НАТо ги следат руските бродови „Иван Хурс“ и „Василиј Биков“.


НАТО претходно потврди дека група бродови е распоредена во регионот за да учествуваат во вежбата „Морски штит“нзаедно со украинските и грузиските сили.

Моска во неколку наврати предупреди дека военото трупање на сили на Алијансата во близина на руските граници може да провоцира воен судир.