Карантинот во главниот град на Австрија, Виена е продолжен до 11 април поради зголемениот број на заболени од Ковид-19.
Австриските покраини, Долна Австрија и Бургенланд кои имаат воведено исти мерки како во Виена, се уште не донеле одлука за продолжување на мерките по 6 април.

Во Виена и во двете покраини, кои се на границата со Унгарија потврден е голем број на инфициранби лица со британскиот сој на Ковид-19.

Додека од среда за лицата кои ја напуштаат покраината Тирол ќе мора да прикажат негативен ПЦР тест.