Семејството Асад има и голем имот во Москва. Апартманите се наоѓаат во комплексот Москва Сити Капитал полн со луксузни стаклени облакодери.

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, неговата сопруга Британка и нивните три деца ќе започнат нов живот во Русија откако Владимир Путин им дал азил, пишува Дејли мејл.

Асма Ал-Асад, родена во Лондон, вклучувајќи ги синовите Хафез и Карим, на возраст од 24 и 21 година, и ќерката Зеин (22) сега се очекува да живеат во Русија.

Облакодерот со кули близначки – кој беше највисоката зграда во Европа до отворањето на лондонскиот Шард во 2012 година – е дом на некои од најбогатите руски бизнисмени, хотели со пет ѕвезди и мултинационални компании и панорамски поглед на Москва.