Канадските здравствени власти го пријавија првиот случај на заразено лице со вирусот H1N2 – редок вид на свински грип.
Случајот, откриен во западната провинција Алберта во средината на октомври, се чини дека е изолиран и нема ризик жителите да се заразат во оваа фаза, соопштија локалните здравствени власти.
Ова е единствениот случај на ваков грип во Алберта во оваа сезона на грип досега, се вели во соопштението. Нема докази дека вирусот се проширил.
Здравствените експерти се обидуваат да утврдат каде е жариштето и да потврдат дека не се шири.
Од 2005 година, само 27 случаи на заболени од H1N2 се пријавени ширум светот. Овој вид не треба да се меша со почестиот H1N1. Претходно немало такви случаи во Канада.
Comments are closed for this post.