Речиси 20 деца, а можеби и многу повеќе, биле сексуално злоставувани во текот на 10 години во камп во централна Германија. Поради овој случај, локалната полиција подигна обвинение против тројца мажи, јави ДПА.
Полицијата соопшти дека мажите ги злоставувале децата на возраст од четири до 13 години, создавајќи порнографски материјал во кампот. Полициски претставници наброија 23 засегнати деца, но изразија стравување дека списокот може да биде проширен.
Сè уште имаме многу работа пред нас – изјави шефот на истрагата, Гунар Вајс.
Трите осомничени лица, на возраст од 33, 48 и 56 години, се притворени. Иследниците обезбедиле 13.000 документи (14 терабајти) кои содржат детска порнографија.
Comments are closed for this post.