Во Франција владее задоволство од ефектот кој го постигнал Законот за морал во политичкиот живот.Тој закон забранува на политичарите да ги вработуваат членовите на своите семејства.
Законот ги опфаќа министрите, пратениците и локалните власти.Тие не смеат да вработуваат венчани и невенчани сопруги, родители, деца и внуци. Доколку тоа некој го стори се предвидува три години казна и 45.000 евра глоба.
Една година по усвојувањето на законот, вработувањата по родниниска линија драстично се намалени.
Comments are closed for this post.