Синоќа заврши новата рунда разговори меѓу венецуелските власти и опозицијата, со најава дека разговорите ќе продолжат.
Како што наведувата британските медиуми, претставници на владеачката Социјалистичка партија на Венецуела неделава се сретнаа со опозицијата на Барбадос, во рамки на преговорите што почнаа во мај во Норвешка, со цел да се најде решение за политичката криза во земјата.
Венецуелскиот министер за информации, Хорхе Родригез, кој ја предводеше владината делегација, потврди дека разговорите завршија, но не сакаше да понуди повеќе детали за самиот тек и исход од нив.
Два извора од опозицискиот табор наведуваат дека консултациите ќе продолжат во Венецуела. Според опозициски извори, владината делегација главно се фокусирала на американските санкции, додека опозицијата барале нови претседателски избори.
Comments are closed for this post.