Израелското министерство за здравство истакна дека од четворица, тројца пациенти неодамна допатувале од Велика Британија, а потеклото на четвртиот се уште не е утврдено.
Во последните два дена, вложуваме напори за да провериме дали мутацијата од Велика Британија се има инфилтрирано во Израел. До пред неколку минути бевме оптимисти, а сега расположението опадна поради информациите кои пристигнаа од нашите лаборатории“, изјави министерката за здравство, Јули Еделстајн.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека откритието на новите случаи само ја потврди одлуката на надлежните дека авиосообраќајот од Велика Британија треба да биде стопиран.
Експертите од Израел ги повторија изјавите на нивните колеги од другите земји, истакнувајќи дека новата мутација на коронавирусот иако е позаразна, сепак не е ништо посмртоносна од изворната верзија и нема причина постоечките вакцини да не бидат ефикасни против мутацијата.
И Северна Ирска денеска потврди дека се појавил позитивен тест на новата мутација. Од тамошното министерство за здравство соопштија дека оваа верзија на вирусот била таму веќе некое време.
Нема никакви докази дека новата мутација на вирусот предизвикува сериозна болест или поголема стапка на морталитет“, стои во соопштението на министерството.
Comments are closed for this post.