Венецуела започна со набавка на руски авиони, откако поради американското ембарго е запрена испораката. Станува збор за авионите Сухој, истакна венецуелскиот амбасадор во ОН.
Нашата војска користеше авиони „Ф-16“ направени во САД но тие ни ја блокираа продажбата на делови.Поради тоа авионите престанаа да работат. Почнавме да купуваме руски авиони кои одлично се покажаа-вели амбасадорот.
Досега Венецуела од Русија има купено 24 ловци Сухој но претседателот Мадуро истакна дека планираат да купат уште 12.
Comments are closed for this post.