Долниот дом на британскиот Парламент синоќа повторно гласаше при што повторно ги отфрли трите предлози кои се движат кон мек Брегзит. Но, по гласањето една варијанта се чини добива најдобри изгледи – по излегувањето од ЕУ, Обединетото Кралство да влезе во Царинска унија со Брисел. За овој предлог гласањето беше најблиску – 273 „за“, наспроти 276 против.
Доколку оваа опција се прифати како конечна, тоа би значело дека Британците ќе мора да ја прифатат екномската трговска политика на Унијата, трговијата со ЕУ ќе продолжи, а ирско-северно-ирската граница ќе биде отворена.
Единствен проблем сега остануваат да се убедат тврдокорните „брегзитерци“ кои сонуваат за договори за слободна трговија со Америка и со Кина.
Премиерката Тереза Меј сега има уште неколку денови за консултации, при што и остануваат главно три можности – или ќе победи во Парламентот со својот план постигнат со Брисел (сега е на раб на пораз) или ќе биде принудена да распише внатрешнопартиски лидерски избори, но и опцијата – предвремени избори.
Во Брисел, пак, се смета дека Лондон и Брисел би можеле да се договорат за одложен Брегзит, во период од две години, за да можат и двете страни подобро да се подготват и да избегнат катастрофален развод.
Comments are closed for this post.