Велика Британија и Израел потпишаа договор со кој се овозможува на компаниите од двете земји да продолжат со трговија без дополнителни царини и пречки по Брегзит, соопштија од Оделението за меѓународна трговија во Владата на Велика Британија.
Во соопштението се наведува дека во договорот за континуитет на трговијата со Израел е корисен за британските компании и потрошувачи откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ..
„Договорот ја прав трговијата едноставна и овозможува компаниите да тргуваат слободно како и до сега, без дополнителни пречки и царини“, се истакнува во соопштението.
Од оделението напоменуваат дека новиот договор ќе овозможи зголемување на трговијата меѓу Велеика Британија и Израел, чија вредност на крајот од третиот квартал 2018 година изнесува 5,1 милијарда долари.
Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март. Лондон и Брисел постигнаа договор за „Брегзит“, кој британските пратеници се уште не го усвоиле, со што и двете страни стравуваат дека може да дојде до ситуација во која Велика Британија ќе на напушти Унијата без постигнат договор.
Comments are closed for this post.