Украина за прв пат употреби мали роботи во напад на руските сили. Ова е визијата за иднината на војувањето што Украина сака да ја постигне, со цел да ги намали човечките загуби, да добие предност пред Русите и да го реши проблемот со недостигот на војници, пишува Тајмс.
Роботите користат систем за таргетирање со помош на вештачка интелигенција, но конечната одлука за отворање оган сепак ја носат луѓето.
Сепак, роботите сè уште се соочуваат со логистички предизвици. Тркалата лесно се заглавуваат на нерамен терен, додека големиот број дронови кои работат на различни радиофреквенции создаваат пречки во комуникацијата. Руските сили користат електронско заглавување за да ги оневозможат беспилотните системи.
Comments are closed for this post.