Хотел во Коломбо беше метата на последниот седми терористички напад денеска во Шри Ланка. Според информациите на светските медиуми, загинале две лица.
Бројот на загинати во претходните шест бомбашки напади во католички цркви за време на прославата на Велигден и во три луксузни хотели се искачи на 156 лица, додека 560 се повредени. Најмалку 20 странци се смета дека загинале во терористичките напади, кои што се случиле координирано и речиси истовремено.
Comments are closed for this post.