Околу илјада луѓе се собраа синоќа пред седиштето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) на гласен протест откако претседателот Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск од Одделот за ефикасна влада (ДОГЕ) забранија влез на вработените во седиштето на агенцијата.

На протестот се придружија и неколку членови на Конгресот како сенаторите од Мериленд Крис Ван Холен и Џејми Раскин кои споделуваа информации за тоа што се случува со УСАИД. Тие изјавија дека влезот во седиштето бил затворен и заграден со жолта лента, и дека  биле одземени компјутерските сервери додека веб-страницата на УСАИД е исклучена, а исплатите за некои договорни изведувачи запрени.

Демократите го обвинуваат Маск за „демонтажа“ на агенцијата.

Според законодавците, ваквите постапки се незаконски, скандалозни и неуставни. Тие истакнаа дека агенцијата била создадена со акт на Конгресот кој одлучува дали треба да биде затворена или не.

-Како член на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, го повикувам претседателот Трамп и неговиот државен секретар Марко Рубио да престанат со оваа глупост и да го почитуваат законот. Неразумните постапки на претседателот Трамп и Илон Маск за затворање на вратите на УСАИД се срамни, збунувачки и продолжение на произволните чистки на оваа администрација против долготрајните владини напори за помош на најранливите луѓе во светот, изјави Квеси Мфуме, демократки член на Претставничкиот дом.