Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не го дочекала својот ред за добивање автомобил, зашто Берлинскиот ѕид бил урнат пред нејзиниот „трабант“ да биде произведен во фабриката во градот Цвикау, соопшти ДПА.
-Во ГДР мојата нарачка за „трабант“ не можеше да биде исполнета, рече канцеларката пред вработените работници во фабриката во истиот град, која сега произведува автомобили од марката „фолксваген“.
Во времето на Германската Демократска Република градот Цвикау во провинцијата Саксонија имал долгогодишна традиција во автоиндустријата. Тамо биле произведувани култните источногермански автомобили „траби“ како што ги нарекувале нивните корисници.
„Трабантите“ беа многу популарни во ГДР, но заради планската економија луѓето често требале да чекаат и по 15 години за да дојдат до автомобил, пишува ДПА.
Comments are closed for this post.