Телата на таткото и на ќерката кои се удавија во реката Рио Гранде, во обид да стигнат до територијата на САД, ќе бидат вратени во нивната татковина, Салвадор, каде што ќе бидат погребани.
Фотографијата на која се Оскар Алберто Мартинез и 23-месечната Енџи Валерија Мартинез го потресеа целиот свет.
Според „Си-Ен-Ен“, фотографијата е и потсетник за суровата реалност на мигрантската криза и за ризиците што луѓето ги преземаат за да дојдат до јужната граница на САД.
Телата им беа предадени на сопругата и мајката во средата и беа префрлени во Монтереј во Мексико во четвртокот, од каде што треба да се пренесат во Сан Салвадор.
Comments are closed for this post.