Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги не смее да биде игнорирано, само заради зачувување на трговиските врски со Саудиска Арабија, изјави во Вашингтон турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Не е можно да кажеме: Ќе ја зајакнеме трговијата, па да го оставиме тоа, да го игнорираме, истакна Чавушоглу во изјава за турските новинари кои го придружуваат при престојот во САД, по неговата средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Чавушоглу истакна дека соработката на Турција со Ријад во врска со истрагата за убиството на Кашоги не е на „саканото ниво“.
Чавушоглу нагласи дека ако истрагата на Саудиска Арабија за убиството западне во ќор-сокак, Турција ќе бара покренување меѓународна истага за случајот.
Кашоги, кој беше новинар на „Вашингтон Пост“, познат по своите критички текстови за властите во Ријад, беше убиен на 2 септември во Саудискиот генерален конзулат во Истанбул.
Comments are closed for this post.