Австралиецот Брентон Тарант(28), кој во петокот изврши терористички напад врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч и уби 49, а рани 40 муслимански верници, е изведен пред суд.
Security boosted at Christchurch court for the appearance of accused mosque shooter Brenton Tarrant. The Australian citizen is charged with murder. He will return to court on April 5. More at 5pm @10NewsFirst #ChristchurchMosqueAttack #ChristchurchShooting pic.twitter.com/kpRB9BOSPk
— Nicole Strahan (@NicoleStrahan) March 15, 2019
Судењето е затворено за јавност. И покрај тоа огромен број луѓе се собраа пред судницата. Дел од нив извикуваа дека обвинетиот треба да се линчува пред да биде сослушан. Токму кога требаше да биде изведен пред судот едно лице извади нож и се обиде да влезе во судницата. На новинарите, наводно, им рекол дека сака да го убие.
Тарант во бела затворска облека и лисици на рацете стоеше пред судијата, но одби да се изјасни за масовните убиства што ги изврши и ги пренесуваше во живо на социјалните мрежи. Со прстите направи „Ок“ сигнал – симбол кои го користат белите расисти ширум светот.
Brenton Tarrant charged – Christchurch terrorist makes white power symbol as he appears in court handcuffed and barefoot after mosque massacres https://t.co/BiWUTo6C3c pic.twitter.com/qZPxbA6tMA
— The Stars Post (@TheStarsPost2) March 15, 2019
Судот закажа повторно рочиште на 5 април, кога најверојатно ќе биде прочитано и обвинението. Во манифестот на 73 страници кој напаѓачот го закачи на интернет пред масакрот меѓу останатото стои дека не жали поради крвавиот пир.
Comments are closed for this post.