Универзитетска професорка и нејзиниот сопруг се уапсени под обвинение дека четири години држеле градежен работник како роб во шупа во Англија.
Притпал Бининг (56) и нејзиниот сопруг Палвиндер (54) се товарат дека држеле работник против неговата волја додека работел на нивната куќа во Хемпшир, вредна 1,2 милиони фунти.
Брачната двојка е уапсена по рација во Чилворт, село во Хемпшир.
Работникот влегол во локалниот Дом на здравје и на вработените им кажал дека е прсилен да работи за храна и тоа со поминат рок, дека спие на пластична лежалка за сончање во бетонска шупа во која е многу студено. Името на работникот не е откриено, туку само дека е од Полска и е на возраст од околу 40 години.
На крајот на градината се наоѓа бетонска шупа, во која е исклучително студено, нема кревет, ниту соодветни санитарни услови, нема тоалет, изјави Тони Бирн, истражител кој се занимава со заштита на работници од злоставување.
Comments are closed for this post.