Еден кинески државјанин е уапсен во Чикаго поради сомневање дека шпионирал американски инженери и научници. Како што соопштија од федералното американско обвинителство, меѓу целите на неговите активности имало и луѓе коишто имале со договор работеле во секторот на одбраната.

Според наводите во соопштението, 27-годишниот Џи Чаичун работел по налог на високи офицери од кинеското разузнавање и бил задолжен да собере информации што подоцна ќе биле искористени за евентуално врбување.

Како што наведува Ројтерс, Кинезот првпат дошол во САД во 2013 година за да студира електротехника на Институтот за технологија во Илиноис, а во 2016 година се приклучил во резервниот состав на американската војска.