Трогателно видео снимено на Филипините го покажува моментот кога улично куче збунето се обидува да го оживее својот пријател, прегазен до смрт од автомобил. Кучето во очај го турка со шепите својот партнер, а во еден момент и се обидува да му ја подигне ногата со муцката. Сепак, по неколку минути неуспешни обиди неволно се откажува и се оттеравува долж патот.
Видеото го снимил минувачот Џеј Вилануева, кој го паркирал своето возило за да ја сними сцената што, како што вели, „му го скршила срцето“.
Возачите треба да бидат внимателни да не повредат некого на патот, дури и кучињата. Тие не разбираат за предимство на минување, не ги разбираат сообраќајните правила. Некои ќе речат дека тоа е само куче, но ако го видите видеото, ќе сфатите дека тие се како семејство, како најдобри другари. Очигледно е дека животот на другиот им е многу важен – вели Вилануева за трогателната случка.
Comments are closed for this post.