Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика денеска компаниите во земјата да произведуваат во САД, а не да увезуваат од Кина, со цел да го избегнат зголемувањето на царините за кинеската стока.
Кој е најпростиот начин да се избегнат царините? Треба да произведуваме наши стоки во добрата, стара Америка. Толку е лесно!, напиша Трамп на Твитер.
Американските власти вчера ги зголемија царините врз кинескиот увоз за 200 милијарди долари од 10 на 25 проценти.
Можно е мерката да ги погоди американските компании и потрошувачи повеќе отколку кинеските производители. Невладина организација оцени дека вчерашниот раст на царините ќе ги зголеми годишните трошоци на едно четиричлено американско семејство за 767 долари.
Comments are closed for this post.