Американскиот претседател Доналд Трамп официјално на Флорида ќе ја објави денеска својата кандидатура во обид да ги убеди гласачите да му дадат поддршка за уште четири години да остане шеф на државата.
Тој верува дека силната американска економија ќе биде посилен аргумент од загриженоста на гласачите во однос на неговиот необичен стил и поларизирачката политика.
-Ние ја правиме најдобрата работа која некој веројатно ја направил како претседател за првиот мандат, изјави Трамп за Еј-Би-Си Њуз
– Мислам дека направив повеќе од кој било друг претседател во првиот мандат досега.
По две и пол години од неговиот мандат, Трамп гледа многу позитивни резултати, пред сè растечката економија и ниското ниво на невработеност.
-Ако економијата остане силна, многу е веројатно дека Трамп ќе биде реизбран, изјави Њут Гингрич, поранешен републикански претседател на Претставничкиот дом на САД.
Според анкета на Ројтерс и на Ипсос на 11 јуни покажа дека 40 отсто од испитаниците кога станува збор за работни места додека 57 отсто не го поддржуваат.
Други анкети на јавното мислење покажаа дека тој е зад големите демократски ривали, како што е поранешниот потпретседател Џо Бајден во клучните држави.
Comments are closed for this post.