Јавното обвинителство на Јужниот Округ на Њујорк и истражителите на специјалниот обвинител Роберт Малер му врачија на Судот документи, според кои, актуелниот американски претседател Доналд Трамп би можел да се соочи со обвинение за извршено кривично дело.
Обвинителство во документите во процесот против поранешениот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, првпат го оквалификува актуелниот американски претседател како „соучесник во криминал“.
Според обинителниот акт, Коен се товари за организирање поткуп на две жени за време на претседатлските избори во САД во 2016 година, од кои било побарано да не откријат дека имале сексуални врски со Трамп.
Обвинителството, исто така, обелодени нови детали за финансиски малверзации околу плановите на Трамп да започне изградба на облакодер во Москва во време на предизиборната кампања.
Во меморандумот со докази на 47 страници, Обвинителството не го споменува името на Трамп, туку наведува дека адвокатот Коен „признал оти координирал постапки и примал наредби од Лице-1“. Понатаму се говори дека неименуваното „лице“ во јануари 2017 година стапило на функцијата претседател н САД.
Поранешниот адвокат на Трамп веќе призна вина по осум точки од Обвинението, како кршење на законите за финасирање на изборна кампања.
Станува збор за поткуп на порно ѕвездата Сторми Дениелс и на поранешниот модел на „Плејбој“, Карен Мекдугал, кои тврдат дека имале сексуални врски со Трамп и на кои, според Обвинителството, им биле плаќани засега неутврдени суми во замена за тоа да не откриваат информации за тоа.
Во посебен меморандум врачен на Судот од страна на тимот на специјалниот обвинител Малер, се открива улогата на Коен во т.н. „московски проект“ – план за изградба на облакодерот „Трамп тауер“ во рускиот главен град.
Коен минатата недела призна дека за овој проект се воделе преговори се до јуни 2016 година и дека учесник во бизнис кореспонденцијата бил и портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Истражителите на Малер истакнуваат дека реализацијата на овој проект би била невозможна „без помош од руските власти“ и во случај на негова реализација, компанијата „Трамп Организејшн“ би добила стотици милиони долари.
Обвинителниот акт му бил предаден на Судот во доцните вечерни часови во петокот. За време на викендот Трамп во неколку наврати негираше дека му давал наредби на својот поранешен адвокат за некакви поткупи и дека докуменитите не докажуваат постоење на некаков „заговор“ помеѓу вработените во неговата кампања.
Ние сме задоволни од тоа што го прочитавме и затоа што таму нема никаков заговор, изјави Трамп, додавајќи дека „последна работа што можел да ја направи е да бара помош од Русија за кампањата“.
Претходно, тој уште еднаш порача дека истрагата на Малер е „лов на вештерки“.
По две години и милиони страници документи (и трошоци од над 30 милиони долари) нема заговор, напиша Трамп на Твитер.
“Democrats can’t find a Smocking Gun tying the Trump campaign to Russia after James Comey’s testimony. No Smocking Gun…No Collusion.” @FoxNews That’s because there was NO COLLUSION. So now the Dems go to a simple private transaction, wrongly call it a campaign contribution,…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 10, 2018
….which it was not (but even if it was, it is only a CIVIL CASE, like Obama’s – but it was done correctly by a lawyer and there would not even be a fine. Lawyer’s liability if he made a mistake, not me). Cohen just trying to get his sentence reduced. WITCH HUNT!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 10, 2018
Американските правници се поделени околу тоа дали американскиот претсеател може да биде обвинет за кривично дело, но сметаат дека Трамп има причина „за сериозни грижи“.
Засега се знае дека Обвинитеството бара од Судот четири години затвор за Коен. Пресудата се очекува да биде донесена в среда.
Comments are closed for this post.