Стотина луѓе се повредени кога еден траект во Јапонското море удрил во кит. Како што објавуваат јапонските медиуми, несреќата се случила во близина на брегот на островот Садо.
На бродот „Џинга“ се наоѓале 121 патник и четири членови на посадата. Меѓу повредените патници има петмина што се здобиле со сериозни повреди.
Претпоставките се дека траектот удрил во грбав кит, животни коишто се чести во таа зона.
По ударот во животното, на еден дел од трупот на бродот се појавила пукнатина, но бродот успеал да стигне до своето одредиште без каква било помош на други пловила.
Comments are closed for this post.