Студентка со земјоделство од Босна и Херцеговина глумела дека е внука на руски милијардер во “аферата Ибица“, која го сруши австрискиот вицеканцелар и лидер на ФПО, Хајнц Кристијан Штрехе, тврди виенскиот веник “Kronen cajtung“.

Медиумот пишува дека организаторите на замката  ја изнајмиле извесната Босанка која за своите актерски способности добила дневница од 6000 до 7000 евра.  Во заверата биле вмешани четири лица, покрај познатиот виенски адвокат со иранско потекло и детектив, биле и двајца експерти за безбедност, кои биле задолжени за снимката која предизвика политичка криза во Австрија.

Мотивот за заверата против Штрахе била лична освета. Најпрво се говореше дека се работи за девојка од Летонија, но се утврдило дека се работи за Босанка која знае повеќе странски јазици и која успешно глумела внука на руски милијардер.

Да посетиме дека на снимката се гледа како Штрехе на наводната внука на рускиот милијардер нуди државни работи во замена за финансиска поддршка на неговата партија, а позади тоа наводно стојат адвокат и детектив.

Подоцна се утврдило  дека цел материјал од нив го откупило едно германско здружение. Една асоцијација му платила за овој материјал 600.000 евра, а потоа ја доставила до германскиот магазин Шпигел  и дневниот весник Зидојче цајтунг.